Млад човек скокна од брод за крстарење: Му кажал една реченица на својот татко, а потоа исчезнал во темните длабочини

Млад човек од Флорида скокнал од брод за крстарење при расправија со својот татко.

Полицијата го идентификуваше мажот како Левон Паркер (20), откако американската крајбрежна стража ја прекина потрагата во водите на Бахамите.

Крузерот „Слобода на морињата “ беше на неколку часа од враќањето во Форт Лодердејл, Флорида, по четиридневното крстарење, кога тато Френсис Паркер ги стигна Левон и неговиот брат Сет (18), кои излегоа од џакузи.

„Татко му беше вознемирен поради тоа што беше пијан, претпоставувам“, изјави патникот Брајан Симс.

„Кога стигнавме до нив, тој му рече на својот татко: „Ќе го поправам ова веднаш.” И тој скокна низ прозорецот пред сите нас“, рече Симс.

Засега не е познато како Левон можел да биде пијан, бидејќи алкохолот не е дозволен на бродовите на Royal Caribbean на патувања од Северна Америка до Карибите за оние помлади од 21 година.

Симс рече дека Левон и неговиот брат среќно разговарале во топла када на палубата 11 на бродот за крстарење непосредно пред ужасниот инцидент на 4 април.

„Бев со него и неговиот брат до 3:30 часот во кадата. Сите излегоа од кадата до 4 часот наутро и тргнаа во различни насоки“, рече тој.

Тој додаде дека после тоа ги видел со нивниот татко, а неколку моменти подоцна Левон скокнал од прозорецот.

,,Бродот одеше навистина брзо бидејќи беше ноќ. Почнавме да врескаме, а татко му викаше да го запрат бродот. Екипажот дојде, почнаа да ги спуштаат малите чамци и почнаа да го бараат”, рекол Симс.

Оттогаш, потрагата на американската крајбрежна стража е прекината, потврди портпаролот на тимот за односи со јавноста.