Резултатите од новото истражување укажаа на проблематичната природа на овој тренд, кој го фаворизираат сè поголем број жени ширум светот кои одат во теретана.
Имено, податоците објавени во Journal of Cosmetic Dermatology наведуваат дека не треба да се шминкате пред да одите во теретана бидејќи тоа негативно влијае на кожата.
Течна пудра беше нанесена на половина од лицето на испитаниците, додека остатокот од лицето остана чист. По 20 минути трчање на лента за трчање, нивната кожа била темелно испитана со помош на апарат за анализа.
Според авторот на истражувањето Донгсун Парк, вежбањето со шминка за лице, меѓу другото, може да ги затне порите и да предизвика прекумерно лачење на себум, што доведува до појава на мозолчиња и акни.
Од друга страна, на пределот на лицето што не беше покриен со пудра, порите беа отворени и не беа забележани негативни појави.
Ако не се чувствувате удобно да тренирате без шминка, експертите велат дека користењето BB (балзам за убавина) или CC (корегирање на боја) крема е поздрава опција.