МНОГУМИНА ЈА ПРАВИМЕ ОВАА ГОЛЕМА ГРЕШКА КОГА ГИ ПОДГОТВУВАМЕ виршлите: Цел живот неправилно ги готвиме и на тој начин го „убиваме“ нашиот омилен појадок
Виршлите често се „домашна“ брза храна кон која посегнуваме кога сакаме појадок или вечера на брзина. И едноставно е, нели? Готови се за неколку минути и со додаток на сенф, кечап или прилози по избор, имате вкусен брз оброк.
Но, постојат грешки што луѓето ги прават кога готват виршли кои ги прават невкусни!
Експертите велат дека виршлите не треба да се варат во вода, како да се јајца! Многумина од нас кога се брзаат не ги пржат виршлите за да добијат кора, туку само ги ставаме во тенџере со вода и ги оставаме да се варат неколку минути.
Но, тоа е огромна грешка!
Во повеќето случаи, виршлите се полуготов производ, кој треба само да се загрева или термички да се обработи до саканата текстура – како на пример, крцкава кора кога ќе ги пржите во тава.
Но, ако ги натопите во вода како јајца, виршлите ќе апсорбираат изненадувачки голема количина од таа вода. И додека го апсорбираат, ги ослободуваат сите вкусови од себе во остатокот од водата во тенџерето. А бидејќи често ги готвиме кога брзаме и правиме „илјада“ други работи, ги оставаме предолго во вода и потоа добиваме гадени, невкусни виршли „полни“ со вода.
Затоа постои одличен трик – ставете тенџере до половина наполнето со вода да се загрее, но само врз него ставете цедалка. Врз неа наредете ги виршлите и поклопете. Виршлите ќе се парат и нема да впиваат вода! Ќе бидат топли и повкусни од вообичаено!