МНОГУ НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ – Лекарите останале воодушевени: Поради ретка состојба ова мало девојче се родило со трајна насмевка на лицето
Девојчето Ајла родена во декември 2021 година дојде кај родителите како најубав подарок за крајот на годината. Сепак, и покрај тоа што на свет дошла како здраво бебе, нејзината уста не се развила правилно.
Кристина Верчер и нејзиниот сопруг Блејз Муча од Австралија ја пречекаа својата ќерка на крајот на 2021 година. За време на царскиот рез устата на девојчето не се формирала нормално, па се родила со трајна насмевка на лицето.
На Ајла и била дијагностицирана билатерална макростомија, ретка состојба во која аглите на усните не се спојуваат за време на бременоста. Во медицинската литература се пријавени само 14 вакви случаи.
Состојбата на бебето била толку невообичаена што лекарите рекле дека никогаш не биле сведоци на нешто слично.
„Се прашував каде згрешив, дали сум направил нешто поради што Ајла е ваква. По неколкудневно тестирање, лекарите не уверија дека проблемот е целосно надвор од моја и контрола на мојот сопруг и дека не е нашa вина“, додаде Кристина.
Иако Кристина мислеше дека тоа е само естетски проблем, таа брзо сфати дека тоа предизвикува и проблеми со хранењето. Поради влијанието што го има врз функционалноста на лицето, на пациентите со макростомија често им се советува да се подложат на операција за да го „поправат“ проблемот.
Мајката на Ајла редовно објавува содржини поврзани со нејзината ќерка и нејзината состојба. Илјадници се заљубија во малото девојче и нејзината „трајна насмевка“, а тоа на Кристина и даде храброст да продолжи и покрај некои негативни коментари.
Кога доволно пораснала, девојчето било оперирано, што на многу начини и го олеснило животот.
Во потрага по повеќе информации и подигање на свеста, родителите отворија профили на социјалните мрежи и Ајла брзо стана ѕвезда.
Луѓето се согласуваат дека девојчето е посебно, а родителите велат дека ќе продолжат да го споделуваат своето искуство за да ја подигнат свеста за ретката состојба.