МНОГУ СЕ НАМАЧИ – ЧИРО ПОМИНАЛ НИЗ ПЕКОЛ! Неговите последни зборови ја кинат душата: Тешко ми е, имам страшни болки!Се мачам, патам!

Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Мирослав Чиро Блажевиќ, почина денеска во Загреб на 88-годишна возраст , по долго и тешко боледување.

Легендарниот хрватски стручњак храбро се бореше со ракот повеќе од една деценија. Првпат му беше дијагностициран тумор на простата во 2011 година. Една година подоцна, тој беше опериран од меланом во почетната фаза. Тешката болест се врати во 2019 година, но големиот борец не се предаде. Двапати успеа да излезе како победник од таа битка, но третиот пат, за жал, не. Ракот се проширил, ги зафатил коските и црниот дроб и немало начин да се спаси.

Неколку дена пред смртта тој ја даде последната изјава за медиумите. Открил дека црниот дроб му е полн со метастази и дека ракот му се проширил на коските.

“Толку ми е тешко. Оваа проклета болест ме обзеде насекаде. Се борам, страдам. Имам големи болки, тоа е тоа. Не можам, нозете не ме држат повеќе од јаката вода, одам на инфузија… Тешка е ситуацијата искрено.Многу, многу тешка… Ракот ми се прошири на сите коски и на најлошото и најопасното место – црниот дроб. Уништува сè полека и сигурно“, изјави Чиро за „Story.hr“.

Можам да умрам во секој момент“, изјави тогаш познатиот тренер.