Во мрежата има нови истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу државава и земјите во кои живеат.
Листата на носители на МКАРТА се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Македонија.
Во мрежата има нови истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу државава и земјите во кои живеат, дале придонес и покажале исклучителен успех на професионален план.
Со проектот се зацврстува врската и се отвораат можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Македонија, потенцираат од МНР.