По Словенија, невреме и во Србија и Хрватска

Поројни дождови и град во делови од Србија и Хрватска. Нивото на реката Сава кај Загреб достигна рекордно ниво.

Во областа Брдовец се поплавени повеќе домови, а населението се евакуира. Во невремето во Словенија загинаа четири лица.

Поплавите и свлечиштата уништија значителен дел од инфраструктурата.