Додека новите компании продолжуваат да растат и ги предизвикуваат етаблираните производители на автомобили со напредна технологија и перформанси, брендовите со богата историја се повеќе се потпираат на нивното наследство. Renault одлично се снајде со новата „петка“, а сега се чини дека Citroen подготвува терен за враќање на моделот 2CV.
„Никогаш не вели никогаш. Искрено, не ми се допаѓа ретро дизајнот, но мораме да препознаеме што е во тренд во моментов и би можеле да направиме нешто. Имаме многу икони што можеме да ги користиме, но не го сакам тоа да стане генерален правец на марката, така што нема да произведуваме Traction Avant, SM, CX или AX, но би можеле да направиме еден исклучок“, рече шефот на Citroen, Тиери Коскас, на директно прашање за враќањето на саканиот мал автомобил. пишува Top Gear.
Тоа укажува на враќање на моделот 2CV, но се поставува прашањето каква форма ќе прими и дали ќе биде нешто поевтин од новиот електричен модел e-C3.
Исто така, Citroen би можел да тргне по друг пат и да се определи за нешто што не е само варијација на темата за SUV, што Коскас го потврди.
“Еден од столбовите на брендот е смелоста. Погледнете ја Ами. Новиот C3 се издвојува во споредба со мал хечбек. Да, сакаме да имаме нови форми во иднина”, заклучил Коскас.