Модриќ: Реал е сè за мене, семејство, начин на живот, најдобриот клуб во историјата на фудбалот

– Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ рече дека Реал Мадрид му значи се.

– Реал Мадрид е сè за мене. Дел од мојот живот, моето семејство, начин на живот. Јас сум од Хрватска, таму сум роден. Но, тука сум 11 години, тука се чувствувам како дома. Благодарен сум за сето она што го доживувам во најдобриот клуб во историјата на фудбалот. 500 натпревари за Реал Мадрид се неверојатни, не знам што да кажам. Достигнувањето на оваа пресвртница е неверојатно. 500 натпревари е бројка што многу малку играчи на Реал Мадрид ја постигнале. Тоа што сум меѓу овие избраници ме исполнува со гордост. Покрај сите награди и пехари, најважно беше признанието од навивачите кои секогаш ме поддржуваа. Не можете да ги измамите луѓето, истакна Модриќ.

Тој нагласи дека секогаш кога ќе истрчал на теренот на Сантијаго Бернабеу бил многу среќен.

-Затоа, отсекогаш сакав да се оддолжам со тоа што ќе дадам максимум, рече Хрватот.

Триесет и осумгодишниот играч за врска ја поминува својата 12-та сезона во „кралскиот клуб“.