„МОЖАМ САМО ДА КАЖАМ КОЛКУ МИ Е ЖАЛ…“ Првата изјава на кралот Чарлс по дијагнозата на рак: Обраќање до јавноста
Кралот Чарлс (75) ја даде својата прва јавна изјава откако пред неколку дена му беше дијагностициран облик на рак . Тој и се обрати на јавноста по повод 50-годишнината од независноста на Гренада, пренесува The Sun.
Кралот им испрати „честитки и топли и добри желби“ . За време на својот говор тој рече и дека има посебни спомени од Гренада бидејќи ја посетил пред пет години.
– Можам само да кажам колку ми е жал што не можам лично да бидам со вас за да ја одбележам оваа важна пресвртница – рече тој.
Да потсетиме дека кралот Чарлс почнал со редовни третмани по неговата дијагноза. Тој ќе ги одложи јавните ангажмани, а не се знае кога точно ќе им се врати на сите кралски обврски.
Сепак, тој ќе продолжи со неделните средби со премиерот. Остатокот од неговите должности би можеле да ги преземат принцот Вилијам и кралицата Камила. Минатата година кралот направил дури 516 јавни ангажмани, вклучувајќи 94 патувања.