Можеби најстрашното видео од почетокот на војната: Израелската војска влезе во тунелите на Хамас и пушти дресирани кучиња! “Ги слушате ли како врескаат?”
Видеото го сподели портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Офир Генделман, портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го сподели неверојатното и ужасно видео на својот Твитер профил. Страшната снимка покажува како израелски војници упаѓаат во тунелите на Хамас во Газа.
Потсетуваме дека веќе пишувавме за тунелите на Хамас во контекст на озлогласеното „Газа метро“ , мрежа на тунели што оваа терористичка организација на власт во Палестина ја гради со години. Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои се длабоки и до 10 метри, а внатре Хамас ја организираше целата логистика – со струја, храна, продавници, складишта за оружје итн.
Во еден момент, ИДФ, израелската армија упаднаа во тунелите, а на конкретната снимка може да се види дека тренирани кучиња на ИДФ биле пуштени внатре. Кучето се упатува во темнината на тунелот, а набрзо почнуваат криците на терористот.
„Морате да го гледате ова. Слушнете ги терористите како врескаат“, напиша Генделман.
A must watch: IDF attack dogs go after Hamas-ISIS terrorists inside their tunnels in the Gaza Strip and take them down.
— Ofir Gendelman (@ofirgendelman) November 4, 2023
Hear the terrorists scream. pic.twitter.com/K0DGkZciC8