Можев да се убијам! Пике за првпат проговори за разделбата со Шакира

Познатиот шпански фудбалер Жерар Пике конечно проговори за разводот со познатата колумбиска пејачка Шакира!

Пике и Шакира се разделија во 2022 година по 12 години заеднички живот, што го потврдија во јуни истата година.

Тие се запознале на снимањето на спотот за нејзината песна „Waka, waka“, која се користешњ за промоција на Светското првенство таа година во Јужна Африка. Ги имаат синовите Милан (10) и Саша (9). Фудбалерот и пејачката никогаш не се венчале.

Нивната разделба беше проследена со бројни контроверзии. Се зборуваше дека ја изневерил, дека му се смачило и Пике се вратил во ергенскиот стан, дека се судрила со неговите родители и многу други непотврдени приказни.

Најмногу одекна песната која Колумбијката ја сними за да се обиде да ги понижи поранешното момче и неговата нова девојка . „Ферари“ замени со „Твинго“, „Ролекс“ замени со „Касио“, пееше Јужноамериканката.

Ниту Пике не одговори на тоа, но сега конечно проговори, но не ја навреди Шакира.

-Да давав значење на тоа што го кажуваат за мене, ќе се затворев во станот или ќе се фрлев од шести кат. Единствениот начин да се извлечеш од сето ова е да го игнорираш. Не можам да негирам неточни информации секој ден. Не сакам да зборувам и нема да зборувам за тоа, луѓето не знаат ни десет проценти од тоа што се случи – изјави Пике за време на гостувањето на радио.