Можете ли да погодите колку заработува Десингерица за една вечер? На публиката и плука во уста и ренда кашкавал на главата, а од оваа бројка сигурно ќе ви се заврти

Веќе е познато дека Десингерица често предизвикува бурни реакции со своите настапи, а сега кружат информации за неговиот хонорар.

Српскиот изведувач Драгомир Деспиќ Десингерица често привлекува внимание, но и критики со своите настапи.

Неговите ритуали на сцената кога ги удира децата со тениски чевли по глава и тоа го нарекува „крштевање“ често предизвикуваат бурни реакции кај јавноста, а неодамна шокираше со својот настап кој излезе од ковчег на сцената.

Иако многупати шокираше со своето однесување на настапите, се надмина себеси кога на настап плукна девојка во уста.

Како што дознава Еспресо, извор близок до Десингерица тврди дека раперот зема огромни пари по настап.

“Но, се започна со таа патика и клоцање. Потоа сопствениците на клубови почнаа да го повикуваат да настапи бидејќи видоа дека лесно може да го наполни клубот. Деца и тинејџери го следеа”, започнал изворот за Еспресо и додал.

„На почетокот земал 500 евра, но сега заработува како Чола. Како што слушнав од неговите пријатели, сега хонорарот му е некаде помеѓу 10.000 и 15.000 евра. Тоа се многу пари. Тој е полн до крајот на година, летната сезона му е најсилна“.

Да потсетиме Десингерица постигна голем успех за само една година откако ја започна кариерата. Минатата година заедно со Лука Бијеловиќ, познат како Пљугица, го објави првиот сингл „Кучи кучи“, а покрај оваа има и неколку други познати песни како „Чоколада“, „Флец“, „Мерцедец“, „Ѓушкавац“, а сите во нивните имиња ги имаат препознатливите две букви Ц.

Неговата нова песна неодамна се најде на врвот на YouTube во тренд во Хрватска. Станува збор за синглот „Ccuti“, дует со српската пејачка Зеро.

Сепак, освен со песните, најголемо внимание привлекува и со своите изведби кои многумина ги сметаат за вознемирувачки. Погледнете зошто ТУКА .