МОК донесе одлука – Русија и Белорусија нема да учествуваат на Олимписките игри во Париз – ова е главната причина!
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да ги покани Русија и Белорусија на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Меѓународниот олимписки комитет ќе испрати покани за Олимписките игри 2024 година во Париз кои започнуваат на 26. јули до националните олимписки комитети на 203 земји. Рускиот олимписки комитет и Националниот олимписки комитет на Белорусија не се вклучени во оваа бројка. Ова го пренесува руската медиумска агенција ТАСС, повикувајќи се на информации од прес-службата на МОК.
Слична одлука беше донесена и во однос на санкциите што МОК ги воведе за рускиот и белорускиот спорт поради инвазијата во Украина.
МОК истакна дека конечната одлука за прием на руски и белоруски спортисти ќе ја донесе организацијата „во соодветно време“. Таа одлука ќе важи за Летните олимписки игри 2024 во Париз и Зимските олимписки игри 2026 во Милано. Претседателот на МОК, Томас Бах се уште нема дадено официјално соопштение.