ФОТО | Дали ова ќе биде најголемата кражба во историјата на светскиот тенис !? Маладата и талентирана Русинка има понуда да го промени државјанството поради една причина!

Една од најголемите тениски сензации оваа година, Мира Андреева, 16-годишно девојче од Русија, се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.

Мира Андреева
Мира Андрејева

Како што пренесува специјализираниот тениски портал од САД, Tennis World USA, Мира Андреева има намера да добие француско државјанство. Од јануари 2022 година, таа живее и тренира во Кан со своето семејство. Родена е во Краснојарск на 29. април 2007 година. Таа тренира на тениската академија во Кан со нејзината постара сестра Ерика и најдобриот руски тенисер Данило Медведев.

Американскиот веб-портал се повикува на одредени гласини блиски до руската тенисерка. Имено, таа планира да поднесе барање за француско државјанство, како што неодамна направи нејзината сонародничка Варвара Грачева

Мира Андреева моментално е 102. тенисерка на ВТА листата, но по добрите резултати на Вимблдон ќе го подобри својот пласман.

Многу е веројатно Мира Андреева да не може толку брзо да добие француски пасош, но… има исклучоци, а Французите се подготвени да ја превземат талентираната Русинка. За да поднесе барање за државјанство треба да исполни два услови, првиот е да живее во Франција најмалку пет години, а вториот да го положи испитот по француски јазик.

Во Вимблдон, Мира Андреева стигна до осминафиналето, каде во возбудлив натпревар беше поразена од Американката, Медисон Кис. Младата Русинка предизвика инцидент на тој натпревар, кога по расправија со судијата го фрли рекетот и потоа беше казнета со одземање бод. Таа на крајот од натпреварот не сакаше да се ракува со судијата и беше казнета од организаторите со 8.000 долари.

Агентот на Мира АндрееваЛев Касил, даде изјава откако американскиот веб-портал напиша дека младата Русинка ќе го смени државјанството.

Тоа е непроверена информација. Морам да демантирам“, изјавил Лев Касил за рускиот веб-портал Sport24.

Русија, тенис, Шамил Тарпишчев
Лев Касил

Првиот човек на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев е загрижен. Тој изјави дека одлуката за промена на државјанството на Мира Андреева ќе ја донесат нејзините родители.

Родителите ќе одлучат, а не таа. Секако, таму ги обработуваат од утро до вечер. Ние, Руската Федерација, не можеме да направиме ништо од овде во Москва. Сега сме ограничени, не ни дозволуваат да одиме на турнири, па не можам ни да разговарам со нашите тенисери“, изјавил Шамил Тарпишчев, пренесуваат руските медиуми.