Пилотот на „Јунајтед ерлајнс“ е обвинет за бизарен напад со секира на почетокот на овој месец, во кој употребил секира за да удри во рампата на паркингот на вработените на меѓународниот аеродром во Денвер, предизвикувајќи штета од околу 700 долари. Полицијата вели дека тоа е пилотот Кенет Хендерсон Џонс .
На видеото од инцидентот на 2 август, објавено од CBS , се гледа 63-годишниот пилот вооружен со секира. На видеото можете да видите како 23 пати удрил во рампата додека конечно не ја срушил. После тоа неколку минути се расправал со вработен од аеродромот кој видел што се случило и се обидел да му ја одземе секирата. За среќа, никој не е повреден.
Џонс сега е обвинет за прекршок и треба да се појави на суд на 25 септември.
Јунајтед ерлајнс објави дека Џонс е отстранет од распоредот и е на одмор во очекување на внатрешна истрага.
Според полицискиот извештај, Џонс рекол дека се обидува да излезе, но шест други автомобили биле наредени на секоја од трите излезни рампи. Џонс, вели тој, се обидувал да го реши проблемот „за сите што чекаат“.