МОМЕНТИ ПРЕД ВИСТИНСКА КАТАСТРОФА – СЗО со драматично предупредување: “Во Појасот Газа има вода, струја и гас за 24 часа“
Светската здравствена организација (СЗО) денес издаде предупредување во кое се наведува дека во Појасот Газа има вода, струја и гориво само за 24 часа, пред да се случи вистинска катастрофа.
Регионалниот директор на СЗО, Ахмед Ел Мандари, вели дека на конвоите со помош кои моментално се заглавени на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, мора да им се дозволи да стигнат до погодената територија.
„Доколку не пристигне помош, докторите ќе мора да подготват потврди за смрт за своите пациенти“, предупредува Ахмед Ел Мандари.