“МОМЦИ, ВНИМАВАЈТЕ!“ – Александар Лукашенко за прв пат зборуваше за смртта на Евгениј Пригожин: “Не можам да замислам дека Владимир Путин го направил тоа…“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеск изјави дека јадрото на групата Вагнер ќе остане во Белорусија, по наводната смрт на лидерот на оваа приватна Армија – Евгениј Пригожин.

Падот на авионот на Евгениј Пригожин е резултат на груба, непрофесионална работа што не е поддржана од раководството на Руската Федерација“, изјави претседателот на Белорусија.

Александар Лукашенко истакна дека рускиот претседател Владимир Путин е претпазлива и многу мирна личност.

Затоа не можам да замислам дека Владимир Путин го направил тоа, дека Владимир Путин е виновен“, вели Александар Лукашенко, додавајќи дека Евгениј Пригожин никогаш не барал од него безбедносни гаранции.

Не морам да ја гарантирам безбедноста на Евгениј Пригожин. Тоа е првото. Второ, разговорот никогаш не бил воден во таа насока“, тврди Александар Лукашенко, цитиран од медиумската агенција Belta

Претседателот на Белорусија додаде дека со Евгениј Пригожин разговарал за безбедноста само два пати – првиот пат за време на бунтот на Вагнер и т.н. „марш кон Москва“, а вториот пат кога лидерот на приватната група дошол во Белорусија со Димитриј Уткин.

Категорично ги предупредив и двајцата: Момци, внимавајте!“, нагласува Александар Лукашенко.

Александар Лукашенко зборуваше и за проширувањето на БРИКС, нагласувајќи дека тоа може да значи крај на хегемонијата на Западот.

Мислам дека западната хегемонија се уште не е завршена. Но, зголемувањето на бројот на членовите на БРИКС е силен чекор во таа насока. И не само локалните медиуми, туку и политичарите на високо ниво се напнати“, вели Александар Лукашенко.

Тој зборуваше и за планираните вежби на ОДКБ, кои ќе се одржат во Белорусија на почетокот на септември.

Ќе речат на Запад, еве Владимир Путин и Александар Лукашенко повторно планираат нешто во Белорусија и можеби подготвуваат напад на несреќна Полска. Ниедно од овие тврдења не е точно. Работиме на заеднички прашања, кои се планирани долго време. Затоа, ниту вие, ниту тие не треба да се грижите за тоа“, рекол белорускиот претседател.