МОМЧЕТО ВРЕСКА И ПЛАЧЕ, А ТАТКОТО ГО ТЕРА ДА ТРЕНИРА: Познатиот кошаркар објасни ЗОШТО му го направил ова на своето дете!

Поранешниот центар на НБА, Двајт Хауард објави видео на социјалните мрежи како го тера својот малолетен син да тренира.

Момчето дава отпор, не сака да вежба, вреска и плаче, а татко му не му дозволува да се откаже.

Ова видео предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а мислењата беа поделени…

Самиот Хауард објасни зошто го натерал својот син да го прави ова.

„ Мислам дека како општество треба да престанеме да бидеме толку чувствителни. Особено нашите деца. Ги сакам своите деца и знам кога да бидам нежен, а кога да бидам силен. Сум видел што велат луѓето за мене како татко. деца многу, но плачењето е дел од процесот. Луѓето кои никогаш не биле успешни во животот сега пишуваат за тоа како е да се одгледуваат деца. Ако моето дете ми каже дека сака да игра во НБА, ќе дадам се од себе да му помогнам. Татко ми го направи тоа за мене. Мораме да ги научиме децата да бидат ментално силни. Светот е злобен и не сфаќаме колку силни треба да бидеме за да преживееме“, рекол Хауард .