МОМЧЕТО УБИЕЦ ГО ПРАШАЛЕ КАКВА Е МАЈКА МУ, МОЛЧЕШЕ ЦЕЛА МИНУТА, ПОТОА ДАДЕ ШОКАНТЕН ОДГОВОР: Го пофали татко му – „Тој е добар и паметен“

За време на четиричасовното сослушување на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, родителите на жртвите имаа можност да му постават прашање.

За време на сослушувањето на ученикот кој го изврши грозоморниот масакр , родителите на учениците-жртви собраа храброст и му поставија неколку прашања на момчето-убиец, кое беше сослушано преку видео врска од просториите на психијатриската клиника каде што е веќе два и пол месеци.

„Една мајка го прашала момчето кога последен пат плачело. Неговиот одговор ги остави без зборови сите присутни, бидејќи ладно, без емоции и сочувство кон жртвите и нивните семејства рече: „Не се сеќавам кога последен пат плачев“, открива извор на Курир.

За потсетување, тринаесетгодишникот беше сослушан како сведок во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, поради сомнение дека го однел синот на стрелиште и го научил да пука иако имал само 13 години, како и поради тоа што оружјето за кое имал дозвола го чувал недоволно безбедно, па неговиот син лесно дошол до двата пиштоли. Да потсетиме, Коста К. кобниот ден од сефот го зел оружјето за кое наводно изјавил „дека лесно го отворил бидејќи имал три броја, а два веќе биле наместени да го отворат сефот и дека само двапати го свртел третиот“.

Одговори на сите прашања

Кобниот ден влегол вооружен во училиштето, прво го убил чуварот, потоа три девојчиња кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во своето одделение кое имало час по историја и почнал да ги убива децата едно по едно.

„Покрај оружјето, сефот од кој рече дека лесно го земал оружјето, стрелиштето и стрелачката пракса, му поставувале прашања за односот во неговото семејство. Кога го прашале да каже каков е татко му, тој веднаш одговорил „добар и паметен“, но кога истото прашање му било поставено за мајка му, тој молчел речиси цела минута, а потоа рекол „грижлива и паметна“, открива Курир.

Според неговите зборови, присутните биле особено изненадени од неговата средба со мајка му, која ја немал видено два и пол месеци, откако бил сместен во психијатриска установа. Инаку, мајката, како старател бидејќи истиот ден бил уапсен таткото, на 3 мај потпишала согласност тој да биде сместен во таа установа.

„Мајката го прегрна, но без емоции, немаше солзи или реакција . Таа кратко му рече „да одговори на сите прашања“, а тој и одговори „среќна ли си сега““, открива соговорникот, но не можеше да прецизира дали мислел на средбата или нешто друго.

Како што вели, сите присутни биле шокирани од одговорите што ги дал на прашањата на обвинителот, адвокатите, адвокатите на оштетените, но и родителите на врсниците кои тој ден ги убил на училиште.

Тие не се мои пријатели

„На прашањето дали бил жртва на малтретирање, тој одговорил „можеби психички“, а на прашањето зошто не пријавил никому, тој ладно одговорил „затоа што не сакам“. Мајката на едно од децата прашала дали неговите пријатели дошле дома, а тој одговорил „да, но тие всушност не му биле пријатели“.

Молк се појави и кога му беше поставено конкретно прашање. – Зошто пукаше? – беше прашањето.

„Згрешив, грешка беше“, кратко, но ладнокрвно одговори момчето убиец од основното училиште. Мајката на едно девојче го прашала зошто ја убил нејзината ќерка кога не ја познавал. „Ги убивав по ред, секој што наиде. Жал ми е“, бил одговорот на тринаесетгодишникот.