Момчето – убиец повторно изненадува со своите барања: Лекарите згрозени од тоа што го слушнале: Тоа што сега го бара малиот психопат зборува за навистина болен ум!?

Монструозното момче-убиец (14) кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, убивајќи девет деца и училишен чувар и рани пет ученици од своето одделение и учителката по историја, продолжува со своите бизарни барања.

Имено, и по толку време од бруталниот масакр, тој престанал да размислува за злосторството што го направил, наместо тоа го загрижува една работа – размислува за својот физички изглед, поточно за фризурата. 

Инаку, од денот на масакрот тој е сместен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што го прегледува лекарска екипа. Цело време е под будното око на полицијата и безбедносните служби, а се школува под строга контрола преку компјутер во училиштето „Д-р Драган Херког“ кое ги едуцира децата на болничко или домашно лекување. 

Овој ладнокрвен убиец редовно ги малтретира вработените во клиниката со луди барања, а меѓу најновите е и барањето за фризер.

-Тој како и другите пациенти се шиша кај клинички фризер, сепак навикнат е на најскапите фризери, кои му ги исполнуваат сите желби, па на лекарите им рекол: „Дајте ми добар фризер, овој е лош. Косата ми е страшна“ – раскажува извор од клиниката.

И претходно имал слични барања за неговата коса

– Рече дека чувствува некаква заситеност и дека тоа станало неважно дури и кога го гледа само сопственото лице на огледалото. Тој побара да му дозволат да стави панк пирсинг и да ја смени фризурата и да ја обои косата темна. Докторот бил згрозен слушајќи што зборува тинејџерот. Меѓусебно искоментиравме дека сме убедени дека Коста сака да привлече внимание со оваа и слични изјави. Рече и дека не е осуденик и дека по закон има право да изгледа како сака – тврди изворот. 

Грозоморно злосторство се случило на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога момчето-убиец во 08.40 часот вооружено влета во зградата. Тој од вратата на училиштето пукал во обезбедувањето Драган Влаховиќ, кој набрзо им подлегнал на повредите. Момчето потоа нанишани кон трите ученички кои ги уби.

Крвавиот пир продолжи на часот понисторија каде што имаше час неговиот клас VII/2. Ја рани наставничката по историја Татјана Стевановиќ, а потоа отворил оган врз другарите. Најпрвин уби пет ученици, а рани уште шестмина.

За жал, уште една ученичка од ОУ „Владислав Рибникар“ по 12 дена борба им подлегна на повредите, со што бројот на жртви се искачи на десет.