Српскиот актер во серијата на Нетфликс за Александар Македонски: Ја доби улогата на големиот војсководец (ФОТО)

Актерот Јадран Малковиќ на балканската публика и’ стана познат преку сериите „Азбуката на нашиот живот (прва и втора сезона)“ и серијата „Црна свадба“.

Популарниот уметник е роден во Германија, пораснал во Србија, а живее во Велика Британија.

Серијата „Црна свадба“ го предизвика неговото враќање во Србија, иако во тој момент имаше неколку деловни понуди од различни земји. Наскоро следеше уште една улога во српската серија „Азбуката на нашиот живот“.

По враќањето во Србија, Јадран Малковиќ стана еден од омилените актери на женскиот дел од публиката, а интересот за него и за неговиот приватен живот се зголемува.

За актерот нов ангажман следуваше по втората сезона на „Азбуката на нашиот живот“, во странска продукција што се емитува на „Нетфликс“.

Станува збор за документарниот серијал „Alexander: The Making of a God“ (Alexander: The Making of a God) кој започна на споменатата платформа на 31 јануари годинава.

На Малковиќ му била дадена важната улога на генерал Парменион кој му служел на Александар Македонски и бил втор најважен човек на бојното поле по кралот на старогрчкото кралство Македонија.

– Ја имав честа да го играм генералот Парменион, да бидам дел од оваа неверојатна приказна, овој голем проект, да запознавам добри луѓе и да се дружам доживотно – изјави Милковиќ.