Уште колку ќе уживаме во сонцето: Што вели есенската метео прогноза?

Сонце до крајот на септември, дождлив октомври и снежен ноември – ваква е прогнозата на светските метеоролози за следните три месеци.

Сончево време со температура над 25 степени до крајот на овој месец, прогнозираат светските метео сервиси за Скопје. До крајот на следната недела ќе се задржи сончево време со благ пад на температурите кои ќе продолжат да паѓаат до крајот на месецот. Утринската температура да крајот од септември ќе биде околу 10 степени, а дневната до 25 степени.

Првата половина од октомври ќе донесе нестабилно време и врнежи од дожд, дневните температури ќе се движат околу 20 степени, а утрински ќе се спуштат и до 3 степени. Втората половина од единаесеттиот месец ќе биде сончева со дневни температури до 25 степени.

Ноември ќе биде значително поладен. Утринските температури ќе бидат и под нула, а дневните ќе се движат до десет степени. Првиот снег, според метеоролозите се очекува токму во ноември.