МОМЧЕТО УБИЕЦ ПРВ ПАТ КАЖА ДЕКА СЕ КАЕ! Нови детали од распитот на момчето кое го изврши масакрот во „Рибникар“

По сведочењето на момчето убиец, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В.К., за медиумите откри дека момчето било детално испрашувано зошто го извршил масакрот во училиштето, а како што тврди таа изразил и каење.

-Денеска беше сослушан малолетник, детално сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го утврди она што го кажа таткото, дека оружјето е целосно обезбедено. Исто така, тој тврди дека татко му не му го обезбедил првиот контакт со оружје. Изрази каење за се што направи – изјави адвокатката Ирина Боровиќ.

Да потсетиме, момчето-убиец денеска речиси 4 часа беше на распит во постапката против неговиот татко, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Се сомнева дека не го држел оружјето според прописите, а со кое момчето-убиец убил девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Исто така, тој е осомничен дека го научил својот син да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Момчето-убиец беше сослушан преку видео-конференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која се набљудува и Вишото јавно обвинителство во Белград.

На сведочењето присуствуваа в.д. обвинител, адвокатот на таткото, адвокати на оштетените, како и неколку родители на убиените деца.