Момчето – убиец конечно проговори и ги остави затворските чувари без зборови: ,,Ќе ви кажам сè што имам во Палатата на правдата”

Малолетното момче монструм Коста Коцменовиќ од Врачар, кој на 3 мај уби девет со-ученици и училишниот чувар, а рани пет деца и наставничката по историја, конечно ги прашал вработените во болницата, каде е задржан по масакрот, кога ќе се одржи неговото судењето бидејќи е нетрпелив да каже сè што има.

-Ние останавме во неверување, а во тој момент во собата бевме цетворица чувари. Тој не праша: „Зошто не ми се јавуваат, кога ќе ми биде судењето? Новата година и сите празници поминаа, а повици нема. Знам дека не сум доволно стар за да ме судат, но ќе ме прашаат сигурно на судењето на татко ми и мајка ми да го повторам тоа што сум го кажал кога ме испрашуваа преку видео врска. Сакам да кажам сè што имам кога одам во Палатата на правдата” – откри изворот на српскиот портал Републиката и на истоимениот портал им ги пренесе импресиите како момчето – убиец се однесувало на преглед на Клиниката за психијатрија и неврологија за деца и младинци и како лекарите, персоналот и полицијата се справуваат со тоа.

Тие посебно се згрозувале кога ќе слушнат дека Коста мисли дека ќе биде слободен или дека непречено ќе го напушти затворскиот простор, бидејќи тоа е невозможно за човек кој е крајно опасен за околината и непредвидлив во своето однесување.

– Коста Кецмановиќ скоро целот време делува крајно отсутно, но повремено „седнува зад воланот“ со неочекувани изјави, прашања и барања. Докторите кои го набљудуваат многу трпеливо и претпазливо му приоѓаат, прашувајќи го за сè, како да зборува за вообичаени и очекувани перцепции, без разлика колку неговите реакции ги изненадуваат и шокираат, но кога ќе се обидат да навлезат подлабоко и да проникнат во неговите мисли, како да се повлекува – рече соговорникот на споменатиот портал.