Украина добива моќно оружје кое до сега го нема користено во војната! НАТО ја влече последната карта: ,,Ако Киев го има ова…”

Во 2024 година, Украина ќе добие од западните партнери оружје што сè уште не е користено во војната со Русија, вели шефот на Одделот за печат и информации на Министерството за одбрана на Киев, Иларион Пављук.

Згора на тоа, Пављука тврди дека контакт групата за одбрана на Украина (позната како Рамштајн формат) веќе размислувала за снабдување на Киев со оружје со долг дострел и дека Западот одлучил да ја опреми украинската армија со ова оружје.

Пављук не прецизираше за какво „чудо оружје“ се работи, но најави дека „новото оружје ќе му овозможи на Киев да таргетира логистички центри“, што веројатно значи објекти за логистика и техничка поддршка за вооружените сили на Руската Федерација, контрола и станици за истовар, комуникации, мостови и објекти на воено-индустрискиот комплекс.

Киев и НАТО, исто така, се договорија за адаптација на противвоздушни наведувани ракети од западен тип на системи за противвоздушна одбрана кои беа произведени во советско време и моментално се во служба со украинските воздухопловни сили. На средбата се разговараше и за зголемување на производството на муниција и артилериски системи.

Пензионираниот полковник и воен експерт од Москва, Михаило Ходареноко верува дека вооружените сили на Украина ќе добијат тактички балистички ракети МГМ-140 АТАКМС, во верзија со дострел поголем од 300 километри.

– Најверојатно, испораките на крстосувачките ракети со долг дострел „Storm Shadow“ (SCALP-EG) ќе бидат продолжени и зголемени. Главната цел на овие производи е да таргетираат важни цели како што се штабови, магацини за муниција и гориво, инфраструктурни објекти – според Ходареноко.

Кога станува збор за „оружјата што сè уште не биле употребени во војната“, Ходареноко истакнува дека е можно Украина да добие од Соединетите Американски Држави високопрецизни крстосувачки ракети воздух-земја AGM-158AJASSM и AGM-158B JASSM -ER, развиен од Локхид Мартин.

AGM-158A JASSM има слични перформанси како крстосувачката ракета Storm Shadov (ALCM). Од друга страна, AGM-158B JASSM-ER има домет од 1.000 километри.

– Доколку Киев ги добие овие ракети, ќе му овозможи да погоди цели низ европскиот дел на Русија – јасен е рускиот експерт.

„Шеснаесетки“ ќе бидат достапен за Киев

Западот најавува дека во наредните месеци во Украина ќе ги испорача првите американски ловци Ф-16 и опрема за нивно одржување. Американскиот помошник секретар за одбрана за меѓународна безбедност Селест Валандер (на специјален брифинг по состанокот на контакт групата за координирање на испораката на оружје и воена опрема во Киев) изјави дека „шеснаесетките“ сигурно ќе му бидат достапни на Киев.

– Нашата цел е Украина да постигне почетна оперативна подготвеност за програмата Ф-16 во 2024 година. Тоа вклучува обука на пилоти, техничари, како и изградба на инфраструктура, испорака на резервни делови, муниција и други неопходни компоненти – рече Селесте Валандер.

Можно е, понатаму наведува Ходареноко, дека порано или подоцна Германија ќе ги снабди вооружените сили на Украина со крстосувачки ракети воздух-земја TAURUS KEPD 350/150 со дострел од 500 километри. Предноста на овие ракети е што можат да бидат лансирани со авиони, без да навлегуваат во зоната на влијание на противничките системи за противвоздушна одбрана.

Ходаренко смета дека за администрацијата на Џо Бајден во изборната година е многу важно воено-политичкото раководство на САД да постигне убедливи оперативни и стратешки успеси во Украина.

 – Затоа, сосема е можно надежите на Киев за набавка на крстаречки ракети со долг дострел да имаат основа – анализира тој.