Потпишан Договор за соработка меѓу Гостивар и Етрополе, Република Бугарија

– Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и градоначалникот на општина Етрополе Димитар Димитров потпишаа Договор за соработка.

– Овој договор е почеток во воспоставувањето односи кои во иднина ќе придонесат за размена на искуства и соработка во различни области, по неодманешната посета на Таравари во Етрополе, стои во соопштението на општина Гостивар.

Договорот предвидува да се вложат заеднички напори засновани на солидарност и заеднички интерес, да се развиваат пријателски, економски и комерцијални односи.

– Преку контактите помеѓу двата града ќе се реализира соработка и активна размена на искуства во областа на бизнисот, економијата, трговијата, туризмот, уметноста и културата, спортот и другите области кои бараат заедничка поддршка и се во надлежност на властите на двете земји, се наведува меѓу другото во Договорот.

Покрај ова, со Договорот ќе се поттикнат различни видови на соработка меѓу двата града, која ќе се реализира на иницијатива на компании и претпријатија, институции, организации, спортски клубови и други здруженија на граѓани.