Раскинаа по шестгодишна врска! Се шпекулираше дека се вериле, но наместо тоа крај – Тејлор Свифт и Џо Алвин се разделија! (ФОТО/ВИДЕО)

Пејачката Тејлор Свифт и актерот Џо Алвин повеќе не се заедно, а наводно раскинале пред неколку недели.

Поп ѕвездата Тејлор Свифт и нејзиното момче, британскиот актер Џо Алвин, раскинаа! Оваа вест дојде недолго по тврдењето дека се вериле во голема тајност, а според странските медиуми раскинале пред неколку недели.

После шест години на љубовта и’ дојде крајот, а медиумите пишуваат дека раскинувањето било обострано и не било драматично. Тие ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста и избегнуваа заеднички појавувања на настани, а се запознаа во 2016 година на Мет Гала.

“Врската само што заврши. Затоа Алвин не се појавува во емисии”, изјави извор за Entertainment Tonight.

Тејлор моментално е на американска турнеја и следната недела има концерт на Флорида, а досега имала седум концерти, а Алвин не е виден на ниту еден од нив. Во октомври, двојката функционирала многу добро и изворот рекол дека нивната врска била силна, но големиот чекор што го очекувале нивните обожаватели не се случил.