Момчето убиец сакале да го префрлат во странство! Родителите имале план да го извлечат од болница! Дали требале да бегаат во или преку Македонија?
Таткото на 13-годишното момче кое уби девет со-ученици и чувар во основното училиште во Врачар, наводно планирал да ја овласти сопругата да располага со имотот и да даде согласност да го изнесе нивниот син надвор од државата, но тие не успеаја да го направат тоа.
Мајката и таткото на момчето (13) што уби девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград смислиле пеколен план да го извлечат својот син од здравствената установа каде што е сместен и да го префрлат во странство! Нивната идеја, сепак, е навреме откриена од судските органи и полицијата и така бил спречен обид за измама на системот, пишуваат српските медиуми.
Таткото на момчето, да потсетиме, е во притвор од 3 мај и е осомничен за тешко дело против општата безбедност. Се сомнева дека го обучувал малолетниот син да ракува со огнено оружје со тоа што го однел во стрелачки клуб каде вежбал гаѓање, но и дека не обезбедил услови за безбедно чување на оружјето што го имал во легално поседување.
Важен документ
Против мајката на момчето убиец во тек е претистражна постапка со цел да се утврди дали во нејзиното дејствие имало елементи на запоставување и злоупотреба на детето.
Таткото и мајката смислиле план додека е тој во притвор да го посети нотар, за да му потпише полномошно неговата сопруга да може да располага со имотот што се води на негово име, но и да и даде овластување да го изнесат тринаесетгодишникот надвор од државата. Овој нивен план бил спречен во последен момент, бидејќи надлежните органи ги увиделе намерите на семејството на момчето. И да успеат да го извадат на слобода, што во моментов е малку веројатно, момчето не би можело да ја напушти државата – открива соговорникот на белградски Курир.
Тој потсетува дека тринаесетгодишникот не одговара кривично, туку дека за него се грижела болничка установа каде го обезбедува полиција. Соговорник близок на истрагата објаснува дека овој нотарски документ им била важен на родителите бидејќи за малолетно дете да ја напушти државата неопходна е согласност од двајцата родители.
– Најверојатно планот им бил мајката да се обиде да го извлече момчето масовен убиец од болница. Имено, по извршеното злоделото тој бил сместен во здравствена установа со согласност на неговата мајка која се потпишала. Сепак, мајката може во секое време да ја повлече оваа согласност – додава соговорник близок на истрагата. Според него, тоа не би значело автоматско ослободување на убиецот од Рибникар.
Да потсетиме, мајката и сестрата на момчето убиец во саботата се обиделе да ја напуштат Србија, но по разговорот со полицајците на границата со Македонија, биле вратени во Србија.
Забрана за располагање со имот
На таткото и мајката на момчето убиец, со одлука на Вишиот суд во Белград им е забрането да располагаат со својот имот, односно да го продаваат. – Пред се, оваа забрана е изречена во однос на таткото, откако тој побарал дозвола од судот да го посети нотар. Неколку недели подоцна истата забрана беше донесена и во однос на имотот што го поседува мајката на момчето – потсетува соговорникот на Курир и додава дека станува збор за неколку недвижности, станови и дуќани на територијата на Белград.