Момче го прашало принцот Вилијам колку пари има на банкарската сметка: Настанал молк, а потоа се дознала вистинската сума
Доколку го прашате принцот Вилијам колку пари има на кралската банкарска сметка, не може да ви даде прецизен одговор затоа што ниту тој сам не знае колку пари има.
Ова прашање му го поставило момче кое има само 11 години.
Принцот Вилијам добил симпатии при посета на еден од младинските клубови во Манчестер кога 11-годишното момче со големо интересирање го прашало – колку пари има на својата банкарска сметка?
На принцот прашањето му било поставено додека тој се дружел со младите во „The Hideway Youth Project“, водечкиот партнер на „Manchester Peace Together Alliancea“ во Мос Сајд.
Таму 11-годишниот Амир Хасан го фатил неподготвен и добро го насмеал кога го прашал: „Колку пари имаш на банкарската сметка?“.
Принцот рекол дека не знае колку пари има во својата кралска благајна.
Според британските медиуми, се верува дека принцот Вилијам бил „тежок“ околу милијарда фунти, а „The Sunday Times“ пишува дека откако го наследил имотот од неговиот татко може да се пофали со богатство поголемо од 20 милијарди фунти.