Лапсусот на Новак го обиколи светот! Поради ова, доделувањето на трофејот во Торино долго ќе се памети! (ВИДЕО)

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои завршниот АТП Мастерс сезонава во Торино, откако во финалето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:3.

На церемонијата на доделување на купот, тој прво зборуваше на италијански:

– Ти благодарам Јаник за убавите зборови, честитки до Синер за сè што направи на негова возраст. Очекувам неговите многу добри резултати следната година, мислам дека ќе освои Грен слем и ќе стане тенисер број еден во светот. Го освоив најголемиот трофеј во спортот, co целосна посветеност на спортот и благодарение на моето семејство кое сè уште е покрај мене. Поддршката од публиката за сите нас на овој турнир беше голема и благодарам за тоа, но имаше и моменти кога беа многу тешки. Италија има одлични турнири и ние играчите ни е чест да играме на тие турнири.

Потоа им се заблагодари на сите кои не зборуваат италијански.

– Благодарам на сите што се дел од нашиот спорт, систем, имаме најдолга сезона во сите спортови. Се игра во текот на целата година, благословени сме што сме дел од овој спорт. Се надевам дека ќе се видиме утре, а не догодина – на крајот направи лапсус Новак за што секако никој не му замери.