Момче со потекло од Србија изврши страшно злосторство во Германија: И татко му извршил грозоморно злосторство минатата година

Момче (15) е уапсено во Германија под сомнение дека ја задавил својата девојка (15).

Злосторството се случило на новогодишната ноќ во шума во близина на Улм а осомничениот тинејџер по злосторството наводно повикал полиција и им рекол дека ја убил својата девојка.

Кога патролите пристигнале на местото на настанот, го пронашле девојчето во несвест. Таа итно била пренесена во болница каде што починала на 1 јануари наутро.

Германски Билд пишува дека осомниченото момче е син на Србин, кој ја убил својата седумгодишна поќерка на Велигден во понеделник 2023 година во Улм, што обвинителството ниту го потврди ниту го демантираше.

Полицијата веднаш по убиството на девојчето го пронашла Србинот и го уапсила, а во ноември бил прогласен за луд и префрлен во психијатриска установа.

Како што пишуваат германските медиуми, Србинот наводно за време на судењето рекол дека внимателно ја проучувал религијата и дека „во одреден момент му станало јасно дека мора да му жртвува едно од своите деца на Бога“.

Неговиот малолетен син сега е во притвор под обвинение за убиство, а не е јасно зошто дошол на идеја да убие, ниту кој бил мотивот да го задави девојчето.