Момче шетало по улица со исечената глава на сестра си: Распарченото тело на девојката пронајдено пред бензиска!
Себастијан М. (19) е уапсен откако полицијата го затекнала како ја носи отсечената глава на неговата сестра!
Тинејџерот е осомничен за убиство на Џулиета М.(29) во гратчето Кирога во мексиканската држава Мичоакан.
Во саботата полицијата била известена дека млад човек со човечка глава се движел по автопатот на периферијата на градот.
Тинејџерот наводно бил пијан и имал сачмарка.
Остатокот од телото е пронајден на околу 250 метри од местото каде што е уапсен осомничениот.
Обвинителството наведува дека осомничениот и жртвата се брат и сестра.
Властите сè уште не коментираат за можниот мотив за убиството или дали некој друг бил вмешан во грозоморното злосторство.