Полицијата во Флорида доживеа шок кога возачот што го затекнаа на главниот автопат се покажа дека е 10-годишно момче.
Момчето и неговата 11-годишна сестра беа запрени во Алачуа, стотици километри од местото каде што нивната мајка ги пријавила како исчезнати претходно оваа недела.
Полицијата соопшти дека братот и сестрата побегнале од дома откако мајка им ги запленила електронските уреди.
„На нивно големо изненадување, полицајците виделе 10-годишно момче и неговата сестра како излегуваат од автомобилот“, се вели во соопштението на полицијата.
Полицајците дознале дека „децата биле лути на нивната мајка што им ги одзела електронските уреди, што се верува дека не ги користеле соодветно“, соопшти канцеларијата на шерифот.
Од полицијата додаваат дека нема причина да се верува дека биле малтретирани дома.
„Нашите детективи разговараа со нивната мајка, која очигледно се трудеше максимално да одгледа две мали деца и беше многу приемчива за препораките што ѝ ги дадоа за да и помогнат да добие помош“, соопшти полицијата.
Законската возраст за добивање лиценца за возење во Флорида е 15 години, додека возачите мора да имаат 18 години за да аплицираат за дозволата, пишува Би-Би-Си.