Момче (10) загина додека ги палел новогодишните светилки во куќата: Tатко му се обидел да го оживее додека не пристигнала брзата помош, но немало начин да го спаси
Лекарите се обиделе на различни начини да го спасат, но на крајот констатирале смрт
Десетгодишното момче Аугусто Далмаз Боната од Бразил доживеа струен удар додека се обидуваше да ги запали новогодишните светилки во домот на неговото семејство.
Таткото го нашол момчето во несвест и и покрај шокот брзо реагирал, повикал брза помош и укажал прва помош додека не пристигнале болничарите.
Брза помош го пренела Август во болница, каде лекарите се обиделе да го спасат, но во саботата наутро на одделението за интензивна нега била констатирана смрт.
Сестрата Каролина Далмаз, која била присутна и се обидела да му пружи прва помош на својот брат, рече дека Аугусто со нетрпение го чекал доаѓањето на Новата година и Божиќ поради украсите што го краселе домот.
Смртта на Аугусто тешко го погоди семејството, особено што пред неколку недели почина и дедото на момчето.
Момчето е веќе погребано, а мајка му се прости со трогателни зборови.
– Моето момче нè напушти, срцето ми се кине од оваа болка. Нема зборови да се опише оваа тага. Оди си со Бога, синко. Ми донесе радост и незаборавни моменти – рече таа.