Момче (11) донело пиштол во училиште, сакало да убие другар: Неговата реакција при апсењето ја запрепастила полицијата

При претресот на неговиот телефон пронајден е текст кој укажува дека сака да убие друг ученик

Единаесетгодишно момче е уапсено откако наводно донело наполнет пиштол во училиште во Флорида и имал намера да убие еден ученик, соопшти полицијата.

Тој е обвинет за поседување и сокривање огнено оружје во училиште, како и за закана со убиство, се наведува во извештајот за апсење.

Тројца ученици пријавиле на наставник дека ученик донел оружје во училиштето откако им покажал пиштол и замавнал во тоалетот.

Откако управата на училиштето му ги пребарала работите, кај него било откриено огнено оружје.

При претресот на неговиот телефон пронајден е текст кој укажува дека сака да убие друг ученик.

11-годишното момче, кое наводно признало дека сакало да убие ученик, не покажувало знаци на каење и бил многу рамнодушен при апсењето.