Момче (11) пукало во врсници затоа што му го украле чипсот (ВИДЕО)

Детето испукало еден куршум кон другото момче кое во тој момент било свртен со грбот

Единаесетгодишно момче од Флорида зело пиштол од автомобилот на неговата мајка и ги застрелало своите врсници откако тие наводно му зеле кеса со чипс.

Инцидентот се случил во Апопка по фудбалскиот тренинг. Момчето било бркано од еден од соиграчите, поради што притрчал кон автомобилот и решил да се одмазди.

Шефот на полицијата во Апопка, Мајк Мекинли, изјави дека оружјето не било соодветно прицврстено во возилото.

Детето испукало еден куршум кон другото момче кое во тој момент бил свртен со грбот.

Камерата снимила дека следниот момент се појавила неговата мајка која му го одземала оружјето и му ги ставила рацете зад грб.

Еден куршум погодил 13-годишник во торзото, а друго дете во раката. Никој од нив не е во животна опасност.

11-годишното момче е уапсено и обвинето за убиство во обид од втор степен.

– Како општество мораме да размислуваме за ова, ова се случува се почесто. Вистинска штета, никој не сака да уапси дете, но според нашата истрага тоа бил оправдан потег – изјави началникот на полицијата.

Против мајката може да биде поднесена пријава и затоа што таа не го чувала соодветно оружјето во возилото.