Во Србија Б.К.(91) починала кога удрила со глава во тротоарот откако ја соборил момче (12) на велосипед.
Пензионерката Б.К.(91) синоќа починала пред својата куќа во Богатиќ, кога почнала да оди од дворот на тротоарот.
Според неофицијални информации, жената штотуку излегла од дворот, кога на неа налетал велосипедист и ја соборил . Удрила со главата во тротоар, па Итната помош на Здравствениот дом ја пренела во болницата во Шабац, каде починала.
Велосипедот го управувало 12-годишно момче.
Увид на местото на несреќата извршиле припадници на полицијата, а дежурниот јавен обвинител наредил обдукција на телото на повредената жена.