МОМЧЕ (14) ИЗБОДЕЛ НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ! Хорор во средно, професор добил НОЖ ВО ОКО, ученикот тргна по ред и напаѓал!
14-годишно момче од Шпанија е уапсено бидејќи со нож избодел тројца професори и најмалку еден ученик во средно училиште.
Момче (14) од Шпанија е уапсено бидејќи со нож избодел тројца професори и најмалку еден ученик во средно училиште во Херез де ла Фронтера на југот на земјата. Полицијата соопшти дека се ранети неколку лица, но дека нема жртви, пренесува „Ројтерс“.
Шпанските медиуми јавуваат дека ученикот нападнал тројца професори и двајца ученици и дека повредите биле различни. Еден од наставниците бил прободен со нож во окото.
Се уште не е познат мотивот за нападот. Ученикот бил фатен на лице место со оружје што го поседувал и е задржан до завршување на истрагата.