Момче (5) почина додека му го ваделе млечниот заб! Таткото на Виктор го претепал стоматолог: Паднал во кома, 37 дена се борел за живот

Петгодишното момче Пашник почина во саботата во украинскиот град Лавов откако падна во кома при вадењето на млечните заби под општа анестезија.

Момчето доживеало срцев удар кога паднало во кома при вадење на два млечни заба во една од стоматолошките клиники. Лекарите успеале да го реанимираат, па веднаш бил префрлен на одделението за интензивна нега, каде подоцна била констатирана мозочна смрт.

Детето било во кома 37 дена.

Летај, момче наше, летај, биди наша светлина од небото, почивај во мир драго наше дете“, напиша таткото на момчето Виктор Пашник на својот профил на социјалните мрежи.

Таткото претходно на социјалните мрежи ги опиша деталите за трагедијата што се случи на 8 декември.

– Вработените во стоматолошкиот центар се понудија хируршката интервенција вадење млечни заби да се изврши под општа анестезија. Детето на денот на операцијата многу протестираше во операционата сала, одби да му се стави анестезија, како да ја насетуваше трагедијата што се приближува. Анестезиологот насилно му ставил анестезија пред мојата сопруга. Сопругата го замолила да престане, но анестезиологот не ја послушал и продолжил да ја притиска маската, по што Велес заспал – вели таткото.

По некое време мајката слушнала гужва во операционата сала.

-Почнаа да се собираат медицински работници, а по дваесетина минути пристигнаа две екипи на Брзата помош. Директорот на клиниката и’ кажа на мојата сопруга дека срцето на детето престанало да чука за време на операцијата, која лекарите успеале да ја рестартираат и дека Велес бил пренесен во болница. Таму од докторот дознавме дека неговата состојба е критична и дека е во тешка состојба – изјави таткото на момчето.

– Ни кажаа и дека за време на операцијата на забите нашиот син бил клинички мртов и дека лекарите предолго чекале за реанимација. По следниот преглед докторот констатирал дека мозокот на детето е мртов и дека само апаратите го одржуваат во живот – вели таткото.

Според неговите зборови, семејството било особено погодено од постапката на лекарот од стоматолошката амбуланта.

– Незаинтересираноста на раководството на стоматолошкиот центар за нашата тага се гледа и по тоа што не ни го даваат највредното нешто што остана од нашиот син, двата мали заба, извадени при операција, а кои ни се драги затоа што се на нашиот син… – вели тој.

Велес имаше две сестри.

Полицијата покрена кривична истрага поради непрофесионално вршење на професионалните обврски од страна на здравствените работници. „Слободна Далмација“ јавува дека на обвинетиот му се заканува казна затвор до три години или ограничување на слободата до пет години со одземање на правото да врши одредени функции или да се занимава со одредени дејности до три години.

Директорот на клиниката „Ори-Дент“ Роман Ониско за локалните медиуми изјави дека соработуваат со истрагата.

– Во моментов лекарите кои беа вклучени во укажувањето лекарска помош се суспендирани од должност до завршување на истрагата – рече Ониско.