Момчињата велат дека намерно би си ја скршиле ногата само таа да се грижи за нив! Медицинска сестра го ‘сруши’ ТикТок со своето видео од Ургентен центар (видео)

Валери Кастро, медицинска сестра од Хјустон, е една од многуте оние девојки кои сакаат да се експонираат на социјалните мрежи.

Мноштвото обожаватели кои внимателно ја следат сè што таа објавува на социјалната мрежа ТикТок, велат дека таа е девојката од нивните сонови.

Овој пат, Валери сподели видео на социјалната мрежа ТикТок, на кое се гледа како го покажува својот целокупен изглед, веројатно за да се увери дека изгледа добро дури и на работа. Ставајќи го својот мобилен телефон на масата, таа ѕирна во камерата на телефонот, приспособувајќи ја косата за да ја провери нејзината шминка и целокупниот изглед а видеото собра огромен број на прегледи.

Само за да се уверам дека сè уште сум симпатична медицинска сестра“, напишала во описот на видеото Валери.

Обожавателите, но пред се момчињата биле воодушевени од нејзиниот изглед, а позитивните коментари постојано доаѓаат. Многумина и рекле дека не треба да се грижи за својот изглед, бидејќи секогаш изгледа прекрасно. 

Многу си убава, немаш за што да се грижиш“, „Зошто си загрижена, се разбира дека се уште си симпатична медицинска сестра“ се дел од коментарите што ги оставиле корисниците на социјалната мрежа ТикТок под видеото.

Има и такви обожаватели кои се согласија дека најголема желба ќе им биде таа да се грижи за нив доколку тие завршат поради некоја причина во болница.

Намерно би ја скршил ногата кога би знаел дека ќе се грижиш за мене“, напишал еден корисник во коментар под видеото.