Исфрустриран што не може да подигне пари, мажот од Малага, Шпанија удира во банкомат со својот автомобил

Ова е моментот кога маж постојано удира во банкомат со својот автомобил, кој според него не му дал ниту денар.

Се гледа како возачот се смее додека со автомобилот удира во банкоматот – каде прво се движи наназад за да ја зголеми брзината и удира со сета сила, пренесува Телеграфи.

Сцената како во холивудските филмови се случи во неделата во Ла Каикса во Малага во Шпанија.

Според очевидци, човекот кој со автомобилот удрил во банкоматот бил нервозен кога не можел да подигне ниту денар од банкоматот.

По појавувањето на полицијата, тој бил приведен на разговор во станица, додека се известува дека го поминал алкотестот и наркотикот.