Лидерите на Европската лига за промени се сретнаа со францускиот амбасадор Баумгартнер

Тројцата лидери на Европската лига за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, денеска на нивно барање ја посетија резиденцијата на амбасадорот на Република Франција во Скопје, Н.Е. Кирил Баумгартнер.

На оваа средба тројцата лидери на Европската лига за промени го информираа францускиот амбасадор за последните политички случувања, како што е формирањето на коалицијата на албанските опозициски партии, која сега е позната како Европската лига за промени. Во фокусот на средбата беше темата за евроинтеграцискиот процес, како и за претстојните парламентарни избори.