Избезумен поглед на Александар! Доведен во Кривичниот Суд во Скопје со лисици на рацете! Погледнете ги неговите монструозни потези (видео)

Таткото на киднапираната и убиената Вања Ѓорѓевска (14), Александар Ѓорчевски е изведен во Кривичниот суд!

„Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот за убиството на неговата ќерка. Обвинителот побара од судијата на претходна постапка да му одреди мерка притвор до 48 часа за да не избега или да ја попречи истрагата. По еден ден во полициска станица и обвинителство, таткото е донесен на распит.

Обвинителството и МВР утринава рекоа дека тој негира каква било поврзаност, но дека имаат докази за спротивнот.

Таткото се терети дека дал информации за времето и местото кога Вања ќе биде сама, со цел да ја киднапираат, а потоа да бара пари од нејзината мајка. Но, како што рече министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја застрелал Вања.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Пред да биде осомничен, монструмот Александар го пријавил исчезнувањето на Вања и учествувал во истрагата за нејзино пронаоѓање. Тој цело време беше до неговата жена и мајка на Вања, Зорица, која јавно побара помош за пронаоѓање на Вања и прва го пријави нејзиното исчезнување.