Спасовски: Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе

 – Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини, објави Спасовски на фејсбук. цр/

Фото: фејсбук Оливер Спасовски