„МОРАВ ДА ЛАЖАМ ДЕКА МЕСИ Е НАЈДОБАР НА СВЕТОТ“ Контроверзниот ас се потсети на периодот на Барса и откри интересен детал од соблекувалната

Познатиот фудбалски ас Кевин Принс Боатенг се присети на периодот поминат на Ноу Камп.

Поранешниот репрезентативец на Гана летово стави крај на својата богата фудбалска кариера. Со голем успех настапуваше за бројни европски клубови од најсилните лиги во Европа, меѓу кои и Барселона.

Во подкаст со легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, тој зборуваше за периодот кој го мина во каталонскиот клуб.

„ Штом дојдов во Барселона, ме прашаа кој е најдобриот фудбалер на светот. Морав да кажам Меси. Тоа е една од најголемите лаги во мојот живот“, рече Боатенг, кој призна дека е голем фан на Реал Мадрид и навивач на Кристијано Роналдо.

Контроверзниот ас ги откри деталите од интересниот разговор кој го имал со Меси.

Меси покажа дека меѓу него и Роналдо постои ривалство. Меси беше капитен, но не кажа ништо. Еднаш разговаравме во тек на туширање.

„ Ме праша дали е тешко да се постигнуваат голови во Италија. Роналдо во тоа време беше во Јувентус. Ова покажа дека меѓу нив има ривалство. Му реков дека е тешко, а Роналдо постигнуваше голови на секој натпревар три години ” открива Боатенг.