“МОРАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ИДНИНАТА!“ – Олаф Шолц испрати загрижувачка порака до членките на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес порача дека Европската унија мора да биде подготвена за иднината, поради што треба да се донесат важни одлуки.

За тоа ни требаат важни одлуки само со квалификувано мнозинство“, изјави Олаф Шолц на социјалната мрежа Х (Твитер), по самитот на лидерите на ЕУ во Гранада.

Тој додаде дека на средбата се разговарало за таа тема, но и за пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија

Освен тоа, наведе Олаф Шолц, тема на разговорот била и европската перспектива на Украина, Молдавија и Грузија.