МОРНИЧАВА ПОРАКА ПРЕД УБИСТВОТО НА МАФИЈАШОТ НА ХАЛКИДИКИ: Објавена слика со членови на кланот, а еден детаљ е ЗАСТРАШУВАЧКИ (ФОТО)
Грчката полиција се уште трага по најмалку двајца осомничени мажи, кои во ноќта меѓу петокот и саботата брутално го убиле членот на кланот Грчец/Дуќанџик Орхан Бајрами (39) пред луксузната вила на Халкидики.
Напаѓачите, кои на главата носеле качулки, а можеби и фантомки, упаднале во дворот на вилата што тој ја изнајмувал со своите пријатели. Додека сите седеле во дворот, напаѓачите влетале и испукале 19 куршуми кон Бајрами.
Во нападот бил ранет и Сеад С.(45), додека еден маж и две жени кои исто така биле во дворот не се повредени во нападот.
Грчката полиција започна строга контрола на сите гранични премини, бидејќи се верува дека убијците ќе се обидат да побегнат од земјата, ако не во Македонија, тогаш во Бугарија или Турција.
Македонските медиуми пишуваат дека ликвидацијата на Бајрами била однапред планирана, дури и најавена на една социјална мрежа.
Се претпоставува дека тој е убиен во конфликт меѓу клановите кои го „држат“ Скопје, а неколку часа пред ликвидацијата , на еден профил на „ТикТок“, кој сега е згаснат, се појавила фотографија од Бајрами со членови на еден од клановите. На таа фотографија на некои од ликовите над нивните тела беше исцртано „Х“ , додека над главата на Бајрами пишуваше „наскоро“ .
Недолго потоа беше објавена нова фотографија на која над Бајрами е исцртан знакот „Х“.
Бајрами наводно бил застрелан со пиштол, а грчките медиуми пишуваат дека „знаел што му се подготвува“, и дека затоа се криел во Грција.
Тој во саботата околу пладне требало да ја напушти вилата во која е убиен, а потоа требало да замине на нова локација некаде во Грција.
Сеад С., кој е ранет во престрелката, е во болница и е во добра состојба. Тој е ранет во раката и наводно не разговара со полицијата. Медиумите пишуваат дека и претходно бил мета, и дека во март за влакно ја избегнал смрта, додека двајца негови соработници биле убиени.
Медиумите потсетуваат дека двајца блиски соработници на Бајрами беа убиени во март во Скопје. Кон нив биле испукани повеќе од 40 куршуми. Самиот Бајрами тогаш ја избегнал смртта бидејќи доцнел на средбата.
Еден месец подоцна, македонски државјанин е ликвидиран на Косово, а се претпоставува дека е поврзан со бруталното убиство во Скопје.