Камерите го снимија моментот кога разорен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините денеска, предизвикувајќи предупредување за цунами.
При првиот удар, регистриран на длабочина од само десет километри, сè почна да се тресе.
Граѓаните велат дека земјотресот долго траел и бил исклучително силен. Во некои делови од земјава снема струја, а сè уште се чекаат информации за штети и можни жртви.
Сега на социјалните мрежи кружат бројни видеа од тоа како изгледал моментот на земјотресот.
Едно видео покажува група млади луѓе кои седат во кафуле, кога сè околу нив почнува да се ниша.
Второто видео кое го привлече вниманието на многумина, покажува како изгледал моментот на земјотресот во луксузен стан.
Имено, снимена е полна када во која некој чекал да се бања во неа. Меѓутоа, кога почнал земјотресот, водата во кадата бранувала до тој степен што се почнало да се прелева по плочките.
По овој најсилен, разорен удар, следеа серија послаби, но многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше 6,6 степени според Рихтеровата скала.