Морничави детали од нападот во Прага! Еве што ја одведе полицијата на погрешна локација: Наредиле евакуација на погрешна зграда, убиецот пукал од друга

Кога полицијата започнала потрага по млад човек кој го убил татко му и рекол дека сака да се самоубие, тие немале поим дека неколку часа подоцна ќе бидат сведоци на невиден масакр на универзитетот во Прага, извршен од него: Дејвид Козак, наградуван студент. Тој уби 15 луѓе, а рани повеќе од 25.

По грозоморниот напад полицијата ги соопшти деталите. Редоследот на настаните беше откриен.

Прага, Чешка

Началникот на полицијата Мартин Вондрашек опиша како се одвивале настаните:

– Полицијата во 12:40 часот го пронашла телото на неговиот татко во куќата.

– Полицијата тогаш дозна дека осомничениот требало да има предавање на универзитетот во 14 часот, отишле и наредиле евакуација на таа зграда.

– Сепак, осомничениот отишол во друга зграда на универзитетот, каде отворил оган.

– Полицијата првпат добила информација за нападот во 14 часот и 59 минути.

– Првите полицајци пристигнаа на местото за неколку минути, а специјалците за 12 минути.

– Во 15:20 часот полицијата добила информација дека телото на стрелецот лежи на работ од зградата.

– Иако изгледа дека напаѓачот се самоубил, пукала и полицијата, па не е јасно која била непосредна причина за смртта на осомничениот.

Мотивот за пукањето сè уште не е познат. Според началникот на полицијата Мартин Вондрачек, убиецот бил инспириран од инцидент што се случил во странство во минатото.

Вондрашек рече дека по проверката на сторителот, полицијата открила дека поседува неколку огнени оружја.

Жртвите сè уште не се идентификувани.

Медиумите јавуваат дека Козак дипломирал историја-европски студии, а потоа магистрирал историја. Тој се фокусирал на историјата на Полска.

Според пишувањата на некои медиуми, Давид Козак е добитник на наградата Маријан Шиковски во категоријата за најдобра теза во мај годинава.